Добредојдовте НА PLASMO® gen.

Нашата платформа за иновативна технологија

Најнапредна технологија за брзо, безбедно и едноставно добивање на ПРП и ПРФ

PLASMO® gen. системот е уникатна технологија заснована на поделба на плазмата според густината со помош на специјален гел за сепарација.

Со центрифугирање на крвта земена од пациентот, системот овозможува подготовка на високо прочистен концентрат на зачувани тромбоцити и сепарирање на еритроцитите и неутрофилите кои поттикнуваат воспаление.

ПРЕДНОСТИ И ПРИДОБИВКИ НА PLASMO® gen. ПРП и ПРФ ЕПРУВЕТИТЕ

  • ВАКУУМ ЕПРУВЕТИ ОД КРИСТАЛНО СТАКЛО/ PET ОД ФАРМАЦЕВТСКА КЛАСА: За извлекување на крв под притисок кој спречува слепување на крвните елементи, превенираат лепење на тромбоцитите за ѕидот од епруветата, без присуство на пирогени кои се токсични
  • СПЕЦИЈАЛЕН АНТИКОАГУЛАНТ/ НАТРИУМ ЦИТРАТ Намалува ацидитет и превенира коагулација, ги концентрира неактивираните тромбоцити над горната површина од гелот
  • СПЕЦИЈАЛНО ДИЗАЈНИРАН МЕДИЦИНСКИ ГЕЛ Зачувува до 80% од тромбоцитите
  • ЕПРУВЕТА СО АКТИВАТОР НА ТРОМБОЦИТИ/ КАЛЦИУМ ХЛОРИД Брзо забележливи резултати заради активација на тромбоцитите во самата епрувета и со високо концентрирани фактори на раст
0 %

Клеточна виабилност

4,5-5x (> %)

Концентрација на тромбоцити

+1,000,00 /μl

Вкупен број на тромбоцити

0 %

Издвојување на црвените крвни зрнца

Зошто PLASMO® gen.

Со развојот на ПРП и ПРФ технологиите преку центрифугирање значително е поедноставена постапката за да може да се користат во амбулантски услови, како и во операциона сала. Сепак, процесот на центрифугирање мора да биде стерилен, изведен во специјално дизајнирани епрувети и прецизно приспособен за да се одвојат тромбоцитите од црвените крвни зрнца во високи концентрации без да се уништат или оштетат тромбоцитите. На овој начин се добиваат зачувани тромбоцити, способни активно да ги лачат своите фактори за раст, кои се клучни за регенерација и заздравување на ткивото.

Затоа, не сите ПРП и ПРФ епрувети кои се достапни за продажба се со ист квалитет. Докажано е дека Plasmo® gen. епруветите произведуваат највисоки концентрации на зачувани тромбоцити и во доволен број, способни да лачат фактори на раст и што е најважно, гарантираат ослободување на терапевтски нивоа на биоактивни фактори на раст.

ПРП процедурата продолжува да се развива како важен модалитет на третмани со многу апликации во дерматологијата, особено во областите за обновување на косата, подмладување на кожата, лузни од акни, дермално пополнување и решавање стрии. Понатаму, комбинирањето на ПРП со ласерски терапии, микронидлинг, дермални филери и автологни графтови од масти има синергистички ефекти, што доведува до подобри естетски резултати.
Од друга страна, ПРФ е иновативна медицинска технологија која произведува тромбоцити со висока содржина на фибрин или фибрински филм. ПРФ технологијата се користи за скратување на времето на заздравување на постоперативната рана, ублажување на синдромот на болка и оток. Може да се примени во различни стоматолошки и хируршки процедури.

ПОДОБРО, ПОБРЗО, ПОСИЛНО

Наука од природата за напредно лекување

Врз основа на клиничките студии, терапевтскиот праг на бројот на тромбоцити треба да биде 1.000.000/μl за да има биолошка оправданост за употреба на ПРП во заздравувањето на рани и во регенеративната медицина.

Се елиминираат повеќе од 90% од црвените крвни зрнца и гранулоцити кои предизвикуваат воспаление.

Класа IIa медицинско средтво со CE сертификат, усогласено со регулативата. Непироген, стерилен, затворен систем.

Мал волумен крв за добивање плазма со голем волумен, лесен за употреба, репродуктивен процес на собирање.

Биокомпатибилен антикоагулант обезбедува физиолошка pH вредност, што ја намалува иритацијата.

Innovative Tissue Rejuvenation
Innovative Tissue Rejuvenation
Innovative Tissue Rejuvenation

Innovative Tissue Rejuvenation

Области и специјалности на примена

Револуција во начинот на лекување

Инструкции

Едноставен и брз процес за подготовка на ПРП I ПРФ

Чекор 1

Земање венска крв од пациентот 10 ml во вaкуум епрувета

Чекор 2

Центрифугирање на епруветата со крв на 3000 RPM 10 минути

Чекор 3

Издвоената плазма богата со тромбоцити се извлекува во шприц

Чекор 4

Апликација на ПРП во саканата регија

Чекор 1

Земање венска крв од пациентот 10 ml во вaкуум епрувета 1

Чекор 2

Центрифугирање на епруветата 1 на 3000 RPM 10 минути

Чекор 3

Издвоената ПРП фракција се собира и се пренесува во епруветата 2 која содржи
тромбоцитен активатор

Чекор 4

Плазмата собрана во епрувета 2 нежно се протресува 8-10 пати

Чекор 5

Целата активирана плазма со концентрирани фактори на раст се екстрахира и се аплицира во саканата регија

Чекор 1

Земање венска крв во вакуум епрувета од 10 ml без антикоагулант (број на земени епрувети според потребата)

Чекор 2

Центрифугирање на епруветата на 3000 RMP 10 минути (за А-ПРФ), односно 700 RMP 3 минути (за И-ПРФ)

Чекор 3

Епруветата со А – ПРФ се остава на сталак со отворено капаче неколку минути, при што се издвојуваат: долна фракција на црвените крвни зрнца, средна фракција која го содржи фибринскиот чеп и горна ацелуларна плазма фракција

Чекор 4

Фибринскиот чеп и ацелуларната плазма се спремни за подготовка на ПРФ мембрана, ПРФ плак или sticky bone. Течниот И-ПРФ се извлекува со игла и е спремен за апликација во саканата регија

Our Inspirational Quote

“I think your whole life shows in your face and you should be proud of that.” - Lauren Bacall

ПРП за обновување на коса
Постапка чекор по чекор

ПРП третманите можат да бидат ефективни во лекувањето на машката ќелавост, како во спречување на губење на косата, така и во промовирање на раст на нови влакна. ПРП исто така може да помогне во стимулирање на растот на косата по трансплантацијата на коса.

Истражувањата покажуваат дека ПРП може да го стимулира растот, густината на косата и цврстината на влакното, како и да ги заштити фоликулите на влакното од предвремено опаѓање. Уште поважно, ПРП може да поттикне раст на косата преку зголемување на снабдувањето со крв во фоликулот на влакното.

Play Video

Имате прашање?

Најчесто поставувани прашања

  • ПРП (Плазма богата со тромбоцити) е концентрација на тромбоцити и фактори на раст добиени од сопствена крв, што се користи за промовирање на заздравување и регенерација.
  • ПРФ (Фибрин богат со тромбоцити) е понапредна верзија која вклучува фибринска матрица, обезбедувајќи продолжено ослободување на факторите на раст.

Да, и ПРП и ПРФ се сметаат за безбедни, бидејќи ја користат Вашата сопствена крв, минимизирајќи го ризикот од алергиски реакции или инфекции.

Се зема примерок од крв, се обработува со центрифугирање, а концентрираните тромбоцити се инјектираат или се аплицираат во областа која се третира.

Целиот процес обично трае околу 20-30 минути, вклучувајќи го и земањето крв со подготовката.

Повеќето пациенти имаат минимално време за опоравување. Некои може да имаат благ оток или модринки на местото на инјектирање, но обично можат да продолжат со нормалните активности набргу потоа.

Првичните подобрувања често може да се забележат во рок од неколку недели, а оптималните резултати се забележуваат во текот на неколку месеци.

  • И двете технологии покажаа позитивни резултати во промовирањето на заздравувањето и регенерацијата на ткивата.
  • Ефективноста може да варира во зависност од индивидуалните фактори и специфичната состојба што се третира.

Ова зависи од состојбата што се третира. Повеќето пациенти имаат потреба од повеќе сесии, кои обично се повторуваат на неколку недели.

  • Важно е да разговарате за лековите или додатоци кои ги користите со вашиот давател на услуги, бидејќи некои може да влијаат на процедурата или заздравувањето.
  • Локалните анестетици и стероидите ја менуваат pH вредноста на средината со што ефектот се намалува.
  • НСАИЛ не треба да се земаат 3 дена пред и 1 недела потоа.
  • Разредувачите на крв не треба да се земаат до 3 дена пред и 1 ден потоа.

Несаканите ефекти обично се минимални и може да вклучуваат привремен оток, модринки или непријатност на местото на инјектирање.